Ѓоковиќ со шампионска игра го елиминираше Медведев

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на Отвореното првенство на Австралија откако со 3:1 во сетови го победи Данил Медведев од Русија. Дуелот траеше повеќе од три часа, а Ѓоковиќ покажа шампионски менталитет.

Србинот го доби првиот сет со 6:4, а Медведев возврати во вториот, откако беше подобар во тај-брејкот. Загубениот сет, како да значеше Ѓоковиќ дополнително да го засили темпото. Лесно го доби третиот сет со 6:2, а во четвртиот сет успеа да направи еден брејк и тој беше доволен за конечни 6:4 и место меѓу најдобрите осум на првиот гренд слем турнир во Австралија.

За Ѓоковиќ ова е десетти пат во кариерата да се пласира во четврт-финалето на турнирот во Мелбурн. Следен ривал на Новак ќе биде Кеј Нишикори, кој во петчасовен маратон, во пет сета го победи Пабло Карењо. Нишикори губеше со 0:2 во сетови, но успеа да се врати и на крајот, во решавачкиот петти сет, да победи дури по игра во тај-брејк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести