Ѓоковиќ со цитат од Коби Брајант после неверојатната победа: „Работата е готова? Не, работата не е готова“

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа антологиски меч во третото коло од Ролан гарос. Србинот направи неверојатен пресврт, но овој меч ќе се прераскажува и поради фактот дека заврши во 03:08 часот после полноќ, што го прави меч кој завршил најдоцна на францускиот грен-слем.

„Бев во голема неволја, ме направи да се чувствувам нелагодно на теренот, во некои моменти дури и не знаев што да правам. Сите топки ги врати. Дефинитивно публиката ми помогна. На 2-2 во четвртиот сет започнаа да го скандираат моето име и од тој момент бев друг играч. Не знам зошто, до тогаш навиваа за него. Велат ова е натпреварот кој завршил најдоцна во историјата на Ролан гарос, му реков на Лоренцо да биде горд на она што го одигра.“ – рече Ѓоковиќ после победата.

Најдобриот светски тенисер изјавата после победата над Мусети ја заврши со цитат од Коби Брајант.

„Мојата животна приказна е да се заинаетам кога сите ме отпишуваат. Тоа дополнително ме мотивира, а тоа многупати во кариерата го покажав. Но, како велеше Коби Брајант: работата е готова? не, не е готова.“ – додава србинот.

- Оглас -

Најнови вести