Ѓоковиќ тргнува во поход на Лондон, прва пречка му е Шварцман

Прворангираниот тенисер на светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ, попладнево во Лондон го почнува походот по својата шеста титула на завршните АТП турнири. Србинот уште од 2015 година чека трофеј од завршниот Мастерс на кој играат осумте најдобри тенисери на светот.

Прв ривал на Новак е Аргентинецот Диего Шварцман, човек кој има докажано дека знае да биде многу опасен, но на земјена подлога, додека на тврда како во „О2 арената“ во Лондон, шансите за победа против Ѓоковиќ му се мали. И според коефициентите во обложувалниците Sport Life, јасно е дека Новак е голем фаворит.

Во групата „Токио 1970“, со Ѓоковиќ и Шварцман се уште Данил Медведев и Александер Зверев, кои вечерва играат меѓусебе. Во групата група „Лондон 2020“ се Надал, Тим, Циципас и Рубљов.

Од следата година, завршниот Мастерс се сели во Торино и таму ќе се игра до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести