Ѓоковиќ уште верува дека може да настапи на Мастерсот во Мајами

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не настапува на првиот Мастерс турнир кој сега се игра во Индијан Велс, откако не доби дозвола за влез во САД. Според правилата на оваа земја, во САД не смее да влезе ниту еден странец, ако не е вакциниран против Коронавирусот.

Токму затоа, Ѓоковиќ и минатата година не играше на ниту еден од турнирите во САД, а сега, иако пандемијата со Коронавирусот е стивната, останува забраната за влез на невакцинирани.

Сепак, Ѓоковиќ верува дека во брзо време ќе може да добие специјална дозвола за влез во земјата, па да игра не само на САД опен, туку и на Мастерсот во Мајами кој започнува за 10 дена.

„Не се откажал од Мајами. Тоа него му е зацртано во главата. Сака да игра. Сака да му дозволат да влезе во земјата. Тоа би било добро за него, но и за тенисот, но нема да биде крај на светот ако не го пуштат“, вели Горан Иванишевиќ кој е тренер на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести