Гол манијаци – Халанд, Лева и дуото од ПСЖ експлодираа и експресно постигнаа 10+ погодоци (Фото)

Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски и денеска беа стрелци за Манчестер сити, односно Барселона и заедно со тандемот од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар се единствените играчи во Топ-5 лигите што веќе постигнаа 10, или повеќе голови во новата сезона во стите натпреварувања.

Норвешката сензација во Манчестер сити, Ерлинг Халанд до десетката стаса по само 7 меча и тоа во дебитантската сезона што ја игра за англискиот гигант, а денеска против Вулверхемптон веќе го постигна 14-от погодок на 10 меча во синиот дрес.

На Роберт Левендовски му требаа само 8 натпревари да стаса до 10+ голови, а денеска на Елче му даде два погодоци и има вкупно 11, исто така во дебитантската сезона во дресот на Барселона.

Мбапе и Нејмар допрва вечерва ќе играат викендов, и тоа утре против Лион во дербито на осмото коло во Франција, а и тие двајца веќе постигнаа 10, или повеќе голови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести