Гол од корнер во фудбалот е реткост, но гол директно од корнер во ракометот е чудо (Видео)

Европската ракометна лига во ЕХФ сеознава привлекува многу внимание, а на овие дуели може да се видат многу атрактивни потези. Во колото што беше одиграно беа постигнати неколку атрактивни голови, а посебно внимание привлече погодокот на дуелот Бенфика и Кадетен Шафхаузен. Гостите победија со 27:28, а потегот не само на мечот, туку на цело коло беше виден на пет минути пред крајот.

Бенфика водеше со 25:24, а Кадетен доби удар од корнер. Од една таква ситуација, гостинскиот ракометар реши да шутира директно во голот и на изненадување на сите, успеа да погоди. Гол од корнер во ракометот е вистинско чудо, а интересно е дека овој погодок на крајот се покажа и како еден од клучните моменти затоа што Кадетен славеше со еден разлика.

https://twitter.com/i/status/1628431927433740288

- Оглас -

Најнови вести