Гол-шоу на Марез: Сити е финалист на ФА Купот (Видео)

Екипата на Манчестер Сити е првиот финалист на англискиот ФА Куп, откако во полуфиналето го совлада Шефилд Јунајтед со убедливи 3-0. Стрелез на сите три погодоци за “граѓаните“ беше алжирскиот интернационалец Ријад Марез.

Членот на англиската Чемпионшип дивизија 43 минути одолеваше на нападите на Манчестер Сити, но тогаш беше досуден пенал и резултатот беше отворен. Останатите два погодоци беа постигнати во второто полувреме, односно во 61-та и 66-тата минута.

Противник на Манчестер Сити во финалето ќе им биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Манчестер Јунајтед и Брајтон. Дуелот на програмата е утре во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести