„Гол-торпедо“ коj ретко се гледа во фудбалот (Видео)

Челзи одигра перфектно прво полувреме на гостувањето кај Вулверхемптон и води со 3:0. Половина час беше 0:0, а потоа следуваше шоу на гостите. Го започна Фикајо Томори и тоа со еврогол кој ретко се гледа. Младинскиот репрезентативец на Англија погоди од околу 30 метри, а домашниот голман беше немоќен да реагира.

https://twitter.com/EPLWorldUK/status/1172881355044282368

До крајот на полувремето следуваа два погодоци на Абрахам. Овој младински репрезентативец на Англија стана само третиот играч во историјата на Премиер лигата кој успеал во три меча по ред да даде по два гола, а нема повеќе од 21 година. Пред него тоа им успеало само на Кристијано Роналдо во декември 2006 годна и Деле Али во јануари 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести