Три различни игри донесоа три големи добивки: Радост со гол во 90+5 минута

Три одлично одиграни тикети донесоа големи добивки на обложувачи во Sport Life изминатиов викенд. Во Тетово на одиграни шест меча со иста игра, со вложени 100 денари, добивката е одлична и изнесува 65.256 денари.

Тактиката е едноставна. Сите мечеви се одиграни на тоа во првото полувреме да нема повеќе од еден гол, а во вториот дел да бидат постигнати барем по два погодоци. Коефициентите на сите шест меча се движат од 2.80 до 3.00, па затоа и добивката е одлична.

Погодени се мечевите: Лацио – Верона 2:0 (0:0), Болоња – Фиорентина 2:1 (0:0), Сасуоло – Удинезе 1:3 (1:0), Аталанта – Кремонезе 1:1 (0:0), АЗ Алкмар – Твенте 1:1 (0:0) и Хетафе – Реал Сосиедад 2:1 (1:0) . Од сите погодени мечеви најдраматично беше на „Олимпико“ каде Лацио дури во 90+5 минута погоди за триумф од 2:0 и се исполни условот за 2+ во второ полувреме.

БЕЗ МНОГУ ФИЛОЗОФИИ ОСВОЕНИ 87.000 ДЕНАРИ СО ВЛОГ ОД „ПЕЕСЧЕ“

Во Гевгелија со влог од само 50 денари на играта да се погоди победникот и двата тима да постигнат барем по еден гол, донесе добивка од 87.487 денари.

Олимпик Марсеј со 2:1 го доби дербито против Лил, а со ист резултат Милан победи на гости кај Самдорија и Екцелзиор се радуваше над Емен. Атлетико Мадрид убедливо со 4:1 славеше над Селта Виго, а најдраматично беше Леувен да слави над Шарлерои и тоа со 3:2, благодарение на гол во 85 минута.

ОДЛИЧНА ЗАРАБОТКА ЗАТОА ШТО ВЕРУВАШЕ ВО ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ ВО МЕЧЕВИ СО МНОГУ ГОЛОВИ

Тикет одигран во Радовиш, а уплатен на 400 денари, донесе добивка од 151.038 денари. Дури 11 меча има на ливчето, а тактиката е да се одигра на фаворитите и да има барем три погодоци на средбите.

Црвена звезда со пресврт победи на гости кај Нови Пазар со 2:1, Партизал лесно со 5:0 го победи Младост Лучани, a Лудогорец со 4:0 славеше на гости кај Ботев. Реал Мадрид со 4:1 ја победи Мајорка, Базел беше уште поубедлив и славеше со 5:1 над Грасхоперс, додека Јанг Бојс даде три гола за лесна победа над Лугано.

Од сите фаворити на овој тикет најубедлива беше Славија Прага која со 6:1 се радуваше против Чешке Будејовице, Молде со 4:2 победи на гости кај Јерв, а Феенорд со 3:0 ја победи Спарта во градското дерби.

Два меча беа одиграни ГГ3+ и тие се погодени. Галатасарај со 3:2 се радуваше на гости кај Касимпаша, а Монако со 2:1 го доби дербито против Олимпик Лион.

- Оглас -

Најнови вести