Голчиште на Кимих за водство на Баерн на полувреме во Дортмунд (Видео)

Џошуа Кимих со прекрасен лоб успеа да го матира голманот на Борусија Дортмунд и да му донесе предност на Баерн Минхен по првите 45 минути во големото дерби на Германија. Баерн Минхен има предност која ако ја сочува до крајот, ќе му донесе седум бода пред Милионерите.

Борусија Дортмунд е единствен тим кој сезонава нема пораз на свој терен во Бундеслигата, но за да остане тоа така, домаќините ќе мора да дадат најмалку еден гол во второто полувреме. Инаку двете екипи играат отворено, а домаќините само по 30 секунди можеа да водат, но ударот на Халанд од гол-линијата го одбрани еден од гостинските играчи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести