Голден стејт води против Хјустон со 3:2, но го загуби Дурант (Видео)

Милвоки бакс е првиот клуб што стигна до конференциско финале сезонава во НБА-плејофот по четвртата едноподруго победа против Бостон селтикс.

Елените ноќеска славеа убедливо со 104:91, ја финишираа серијата со 4:1 во победи и ќе го чекаат подобриот од дуелите меѓу Торонто и Филаделфија, каде што е 3:2 за Репторс.

Во таканареченото финале пред финале, Голден стејт вориорс поведе со 3:2 против Хјустон, откако ноќеска славеше со 104:99, но го загуби Кевин Дурант.

Олстар-крилото на шампионот го повреди листот на десната нога при еден доскок во третиот период и повеќе не се врати во игра.

Дурант постигна 22 поени, но сега е неизвесно дали ќе може да игра и да му помогне на својот тим во походот по нова титула во НБА-лигата.

Кај Голден стејт веќе е повреден стартниот центар Буги Казинс, па ако и Дурант не може да игра, тоа би бил голем хендикеп за актуелниот првак.

Во третата победа на петтиот меч од полуфиналната серија против Хјустон, триото Дурант, Кари и Томпсон заедно постигнаа 84 од вкупно 104 поени на тимот.

Најефикасен на мечот беше Џејмс Харден со 31 поен. Шестиот меч ќе се игра на 11 мај во Хјустон.

- Оглас -

Најнови вести