Голден Стејт вориорс немаше никаков проблем со еден од најслабите тимови во НБА лигата, Детроит и победи со 102:86. Сите дилеми околу победникот беа познати уште по првото полувреме, кога домаќините се стекнаа со убедлива предност и по 24 минути игра, фаворитот водеше со 28 разлика (66:38).
На почетокот на второто полувреме, предноста се искачи и до 34 поени (73:39), па дел од стартерите на Голден Стејт добија поштеда и останаа на клупата, а шанса добија играчите кои обично се резерви. Клеј Томпсон кој неодамна се врати по двегодишна пауза, беше прв стрелец со 21 поени за 22 минути, а Стеф Кари заврши со 18 поени постигнати во 28 минути.
KT highlights? KT highlights.#KlayThompson || #NBAAllStar pic.twitter.com/F4pjfW0ExO
— Golden State Warriors (@warriors) January 19, 2022
За Голден Стејт ова беше 32 победа во 44 меч сезонава, додека Детроит загуби по 33 пат во 43 натпревари сезонава.
Во вториот меч кој се играше ноќеска, Минесота како гостин го победи Њујорк со 112:110. Двете екипи се менуваа во водство, но во клучните моменти Минесота успеа од негатива 109:107, со мини серија од 5:1 да стигне до победа.