Шкендија Арачиново останува лидер во Втора фудбалска лига на Македонија откако на свој терен со 2:0 славеше над Кожуф, во меч од 11-тото коло. Домаќините дадоа по еден гол во двете полувремиња и ги освоија трите бода, па сега имаат 29 бода и се на чело на табелата.
Брегалница од Штип со 4:2 победи на гости кај Слога Виница, па остана во чекор со Шкендија Арачиново, заостанувајќи само два бода зад лидерот.
Охрид со пресврт во второто полувреме ги освои трите бода против Тетекс. Гостите од Тетово водеа со 2:1 на полувреме, но Охрид во вторите 45 минути успеа да направи целосен пресврт и да ги освои трите бода, задржувајќи го третото место со 24 бода.
Од Топ 5 екипите на табелата победија и Скопје против Преспа со 2:0, а Беласица немаше милост против Вардар Неготино и славеше со 8:1.
Во останатите мечеви кои се играа денеска: Детонит Плачковица – Новаци 1:1, Големо Коњари – Каменица Саса 1:3 и Осогово – Победа 6:0.
Табела: Шкендија А. 29 бодови, Брегалница 27, Охрид 24, Скопје 23, Беласица 22, Детонит 19, Новаци 17, Кожуф 16, Осогово 16, Каменица Саса 13, Тетекс 10, Победа 10, Вардар Неготино 10, Преспа 6, Слога Виница 4 и Големо Коњари 3 бодови.

