14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Голеада на Њукасл во Белгија, Карабах во друштво на Баерн, Реал и Интер

Њукасл како гостин го совлада Ројал унион Сен Жилоа со убедливи 4-0, а Карабах домс го победи Копенхаген со 2-0 во првите два денешни натпревари од Лигата на шампионите во фудбал.

Чавките на гостувањето во Белгија поведоа со интересен гол со пета на Волтемаде, иако во прв момент се чинеше дека стрелец е Тонали, со што ќе се испишеше историја како прв Италијанец што погодил за Њукасл во европските мечеви. Гордон даде два гола од пенали.

Карабах, кој во август ја елиминира Шкендија во квалификациите за ЛШ, по сензацијата на гости кај Бенфика победи и дома против ФК Копенхаген, па Карабах е во друштво на Баерн Минхен, Реал Мадрид и Интер како единствени екипи кои до овој момент имаат 6 бода од две кола.

- Оглас -

Најнови вести