Голеадите се сè поретки: Трет „минималец“ на Борусија Дортмунд во Бундеслигата

Борусија Дортмунд изминативе сезони не навикна на натпревари со голем број на погодоци, но во оваа сезона тие изостануваат. Ако се оттргне шокантниот пораз од Вердер Бремен (2:3) и триумфот над Фрајбург (3:1), „милионерите“ имаат три победи од по 1:0 во Бундеслигата.

Последната дојде предмалку откако со голот на Марко Ројс и тоа во 16-та минута, против Хофенхајм во меч од петтото коло во најсилната германска фудбалска лига.

Со ова, тимот од Дортмунд дојде до 12-от бод и привремено се искачи на врвот во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести