Голем бод за Силекс во Тетово, Шкупи и Македонија Ѓ.П. не простуваат

Во дербито на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија и Силекс одиграа 1-1, за радост на Шкупи и Македонија Ѓорче Петров кои со победите, дојдоа на два бода негатива зад лидерот од Тетово.

Ибраими ја продолжи својата гол-серија, и му донесе предност на лидерот, но Силекс изедначи со гол на Ѓуриќ пред крајот на првото полувреме. Последните половина час кратовци ги играа со човек помалку, но Шкендија не го искористи тоа, па средбата заврши мирољубиво, со по еден бод на двете страни.

Шкупи со 3-0 го порази Борец, а два гола даде Дембо Дарбо кој со 9 гола е прв стрелец во шампионатот. И Лавовите од Ѓорче немаа поголеми проблеми, славеа со 2-0 против Струга.

Прв бод сезонава освои Беласица, а можеа да бидат и три, ако Ренова не изедначеше на 1-1 во 95-та минута. Немаше голови на мечот Работнички – Академија Пандев.

Утре Пелистер го пречекува Вардар во некогаш големото дерби на македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести