Новото, 28-мо коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, за која типувањето почна вчера и ќе трае до сабота попладне во 14 часот, носи 13 интересни предизвикувачки натпревари и шанса за одлични подароци.
Сите натпревари се од Топ 5 лигите во Европа, а еден од мечевите кои привлекуваат најголемо внимание е Милан – Аталанта, и интересно, прилично големи 57,3 проценти од играчите кои досега типувале веруваат дека Росонерите ќе ја совладаат Божицата.
Голема доверба се има и во другиот гигант од Милано, Интер, кој има тешко гостување кај Болоња. Само 3,8 проценти типувале победа на Болоња, а две третини мислат дека ќе победи Интер.
Најголем фаворит на мнозинството прогнозери засега е Севилја, која дома игра со Алавес, дури 87,4 отсто прогнозирале кец.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.