25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Голем гаф направија од Галакси во врска со нивната најголема ѕвезда

Производителите на дресовите на Лос Анџелес галакси си допуштија сериозна грешка при пишувањето на презимето на ѕвездата на тимот, Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот играше со грешно напишано име на дуелот со Торонто, на којшто даде два гола. Фановите забележаа дека на грбот на дресот му пишува Ирбахимовиќ, наместо Ибрахимовиќ.

Погрешното име немаше негативен ефект врз играта на Ибра, тој даде два гола, но познавајќи го колку е самобендисан, сигурно имал што да каже кога забележал дека му го утнале презимето.

- Оглас -

Најнови вести