Ибрахимовиќ е злато вреден за Лос Анџелес галакси (Видео)

Златан Ибрахимовиќ со два гола во последните 15 минути од средбата му донесе победа на Лос Анџелес галакси од 2-0 во дуелот со Торонто и сега Швеѓанецот има 13 погодоци сезонава во МЛС-лигата.

При првиот гол, асистенција до ветеранот имаше 17-годишниот Ефраин Алварес, кој првпат во кариерата беше стартер на еден меч од МЛС-лигата. Со овој триумф, „галаксијата“ му се доближи на градскиот ривал Лос Анџелес на шест бода.

Во другиот меч, Далас со 2-0 беше подобар од Ди Си јунајтед. Кај гостите од Вашингтон, Вејн Руни не успеа и на трети натпревар по ред да постигне гол, а притоа доби жолт картон.

Погледнете ги головите на популарниот Ибра:

https://www.youtube.com/watch?v=fHocAGTAq2Q

- Оглас -

Најнови вести