-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Голем кикс на Милан, на „Сан Сиро“ не го победи Сасуоло (Видео)

Милан ги разочара своите навивачи на „Сан Сиро“ откако одигра само 2:2 против Сасуоло во меч од 15 коло на италијанската Серија А. По ова реми, Милан сега може да биде симнат од челната позиција на табелата, доколку Наполи или Интер се радуваат на денешните мечеви на гости кај Удинезе и Џенова.

Коне во 13 минута го најави изнеадувањето во Милано, откако погоди за 0:1 и водство на Сасуоло.

Младиот дефанзивец на Милан, Давиде Бартесањи израмни на 1:1 во 34 минута, а тинејџерот погоди и на почетокот на второто полувреме за водство на Милан од 2:1. Вториот погодок на Милан може да го видите ТУКА.

Сепак, Сасуоло не се предаде и во 77 минута гостите погодија за 2:2. Интересно е дека до крајот на средбата можеше да се случи Сасуоло да замине со целиот плен од „Сан Сиро“, но резултатот остана нерешен.

- Оглас -

Најнови вести