Голем проблем за Конте: Лукаку не допатува во Барселона

Ромелу Лукаку поради болки во бутниот мускул, не е во можност да игра против Барселона. Белгискиот голгетер не допатува во Шпанија со остатокот од тимот на Интер, па тренерот Конте се соочува со непосакуван проблем пред утрешното гостување на „Камп ноу“.

„Ромелу веќе десетина дена чувствува болки кои го спречуваат во целост да ги одработи тренинзите. Мораме да мислиме на здравјето на нашите играчи и не сакавме да ризикуваме, и покрај тоа што нè очекува исклучително тежок меч. Во следните денови ќе направиме нови тестови и ќе ја утврдиме сериозноста на повредата“, истакна Конте во пресрет на мечот.

Останува да се види дали Лукаку ќе закрепне до претстојниот викенд бидејќи Интер во недела ќе го пречека италијанскиот шампион Јувентус во дербито од седмото коло на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести