Голманот на Ливерпул Алисон Бекер заработи сериозна повреда на дуелот во Лига на шампиони против Галатасарај и ќе мора да паузира во следните неколку недели. И тренерот Арне Слот потврди дека Алисон ќе мора да мирува по повредата на тетивата на коленото.
Алисон нема да брани на утрешното дерби против Челзи, а сигурно нема да патува ниту во Бразил за октомвриските репрезентативни дуели. Бразилецот нема да биде на голот на Ливерпул и за второто дерби во Премиер лигата, тоа против Манчестер јунајтед кое е закажано за 19 октомври.
На местото на Алисон, голманската позиција ќе биде резервирана за Гиорги Мамардашвили кој летово пристигна на „Енфилд роуд“.