Голем проблем за Милан: Ибрахимовиќ ја заврши сезоната?

Реномираниот италијански новинар Џанлука ди Марцио објави ексклузивни информации дека Златан Ибрахимовиќ се здобил со тешка повреда на денешниот тренинг. Првичните информации се дека Швеѓанецот ја обновил повредатата на листот поради која паузираше на почетокот од оваа година, но голема е веројатноста да има проблеми со ахиловата тетива.

Моментално Ибрахимовиќ е на детални прегледи и целата ситуација ќе се разреши подоцна денес, но доколку се работи за повреда на ахиловата тетива, Златан ќе мора да се помири со фактот дека го чека подолга пауза бидејќи таков тип на повреда е доста тежок да се надмине, особено за спортист на 39 години.

Иако сезоната во Серија А треба да продолжи во средината од јуни, евентуална повреда на ахиловата тетива ќе го тргне Ибрахимовиќ од терените неколку месеци.

- Оглас -

Најнови вести