Голем удар за Лос Анџелес клиперс, Кавај Ленард нема да игра до крајот на сезоната

Лос Анџелес клиперс претрпе голем удар за амбициозниот план да се нападне титулата во НБА лигата, откако тренерот Тајрон Лу објави дека првата ѕвезда на клубот, Кавај Ленард веријатно ќе ја пропушти целата сезона.

Ленард не игра од ланскиот плејоф во кој пропушти 8 натпревари за тимот од Лос Анџелес, а се уште не одигра ниту еден меч и во оваа сезона.

„Според информациите од медицинскиот тим за жал веројатно ќе играме цела сезона без Кавај“, објави тренерот на Клиперс.

Ленард веднаш по завршувањето на ланската сезона потпиша нов договор на четири години вреден 176,3 милиони долари, но речиси сигурно нема да игра до крајот на овој циклус на натпревари во НБА.

Со него моментно надвор од строј е и втората голема ѕвезда на тимот, Пол Џорџ, кој исто така е повреден.

- Оглас -

Најнови вести