Се редат проблеми во таборот на Реал Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан остана без уште еден офанзивец за претстојното „Ел Класико“ кое ќе се игра на 1 март. Станува збор за младиот Родриго Гоес, кој вчера не беше дел од составот на Кралевите во поразот од Леванте, туку имаше обврска за денес да игра за Б тимот на Реал кој се натпреварува во третата шпанска лига.
Имено, Родриго постигна гол и го прослави така што застана пред противничкиот голман и в лице му се радуваше. За оваа незрела провокација доби втор жолт картон и на неколку минути пред крајот на мечот беше исклучен. Суспензијата важи за сите шпански натпреварувања, па затоа Родриго отпаѓа од комбинација за големото дерби против Барселона.
Како што е познато, вчера Азар ја обнови повредата, поточно заработи фрактура на зглобот и му се предвидува пауза од два до три месеци, а воедно постои можност и Серхио Рамос да биде суспендиран поради што јавно го критикуваше судијата Ернандес Ернандес.