Азар нема ниту грам среќа, има фрактура на скочниот зглоб и ќе паузира најмалку два месеци

Еден Азар има фрактура на скочниот зглоб и повторно ќе паузира подолг период. Според проценките белгискиот репрезентативец нема да настапува најмалку два месеци, откако се врати на терените по паузата од три месеци.

Азар се повреди вчера на дуелот против Леванте што Реал Мадрид го загуби со 1:0.

Белгиецот досега бил стартер за кралскиот клуб на само 14 натпревари и со него во тимот Реал има 7 победи, пет ремија и два порази, или успешност од 62 проценти.

Интересно е што Реал има подобар ефект кога Азар беше резерва, или не играше и има 14 победи, шест нерешени и два порази без Белгиецот на терен, што е 73-процентна успешност на второпласираниот тим во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести