Голема трагедија – Златко Сарачевиќ победи на дербито и потоа почина од срцев удар

Златко Сарачевиќ почина од срцев удар вечерва, откако веднаш по женското ракометно дерби меѓу Локомотива и Подравка во хрватското првенство му се слоши. Беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да му го спасат животот и констатирана е смрт од срцев удар.

Тој е еден од најдобрите ракометари на сите времиња во поранешна Југославија, а има злато од Светското првенство во 1986 година и бронза на Олимпијадата во Сеул.

Со селекцијата на Хрватска го освои златниот олимписки медал на Игрите во Атланта во 1996 година. Познатиот бомбардер вечерва ја предводеше Подравка до победа против Локомотива во големото хрватско женско ракометно дерби.

Додека даваше изјава, му се слоши и веднаш беше пренесен во болница. Како што објавија хрватските медиуми, лекарите околу 40-тина минути се обидувале да го реанимираат, но, за жал, не успеале.

- Оглас -

Најнови вести