Големата шестка казнета за Суперлигата, се воведуват ригорозни санкции

Шесте англиски гиганти кои тајно потпишаа договор за формирање на Суперлигата, ќе ѝ платат казна од 22 милиони фунти на Фудбалската асоцијација на Англија. Манчестер сити, Челзи, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем ќе платат поединечно по околу 3,5 милиони фунти поради обидот да се формира сопствена лига со уште шест гиганти од Шпанија и Италија.

Воедно, англиската ФА воведува ригорозни мерки со кои верува дека ќе се спречи евентуално рестартирање на проектот во иднина, во кој би била вклучена и „големата шестка“. Имено, секој клуб што ќе прифати да биде дел од Суперлигата, ќе мора да плати од 20 милиони фунти и сезоната ќе ја почне со 30 одземени бода во англиското првенство.

Како што е познато, распадот на Суперлигата почна со повлекувањето на Челзи и Сити по притисок од страна на УЕФА и, пред сé, своите навивачи, по што примерот го следеа и останатите гиганти од Премиер лигата. Проектот беше запрен само за 48 часа, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се основачите кои се надеваат дека кога-тогаш, овој проект ќе заживее.

- Оглас -

Најнови вести