Големи критики: Додека 62 милиони Бразилци гладуваат, а тие јадат позлатено месо од 1.650 евра

Бразил на доминантен начин се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако со 4:1 ја победи Јужна Кореја, но и покрај тој триумф, неочекувано од домашната јавност стигнаа негативни критики. Тие критики не се поради играта на фудбалерите, туку поради тоа што играчите се луксузираат и уживаат во скапи јадења.

На социјалните мрежи се појави видео на кое легендарниот бразилски Роналдо во друштво на Винисиус јуниор и Милитао уживаат во ресторанот на познатиот готвач Нусрет Гокчу, попознат како Salt Bae. Роналдо заедно со Винисиус и Милитао се гоштеваат со позлатени парчиња месо кои чунат околу 1.650 евра.

Токму овие снимки, беа причина за реакција од родниот Бразил, од каде стигна реакција дека голем број на луѓето во оваа земја гладуваат, а фудбалерите се луксузираат.

„Додека многу Бразилци живеат во сиромаштија и беда, тие се луксузираат со храна. Го губиме чувството за општо добро“, критикуваше свештеникот Хулио Ланчелоти во разговор за СНН.

И на социјалните мрежи имаше критики, па еден корисник на Твитер реагираше со коментарот: „Винисиус Јуниос и Едер Милитао јадат месо прекриено со 24-каратно злато, а 62 милиони Бразилци немаат можност за три оброци на ден“, стои во реакцијата.

https://twitter.com/i/status/1599732745009516550

- Оглас -

Најнови вести