Манчестер јунајтед нареди три победи по ред во Премиер лигата, па самодовербата кај тренерот Рубен Аморим нагло порасна. Португалскиот стратег кој неколку пати беше на прагот да добие отказ од „Олд Трафорд“, сега се засили и вели дека размислува дури и за освојување на титула.
“Видете, воопшто не ме интересира дали сме пред Ливерпул. Јас сакам да победувам на секој меч и на крајот да завршиме на врвот на табелата, односно да бидеме шампиони“ полн со оптимизам вели Аморим.
Манчестер оваа сезона воопшто не игра во Европа, но сигурно фокусот е следната сезона да биде дел од европските купови.
“Играњето во Европа е клучно за давање шанса и минутажа на сите играчи, посебно на младите. На пример Меино за да ги добие минутите кои што ги заслужува, му требаат повеќе натпревари за да можам да ротирам“, додава португалскиот стратег.
Манчестер јунајтед денеска гостува кај Нотингем форест и со евентуална победа, Црвените ѓаволи може да се пробијат и во Топ 4 на табелата.

