Сент Паули на свој терен со 3:1 го победи Шалке 04 во меч од Цвајте, во втората германска лига, но по завршување на дуелот се случија големи навивачки нереди. На трибините имаше голем број навивачи на Шалке, кој едноставно збеснаа по поразот на нивниот тим.
Бесот поради четвртиот пораз во првите седум кола, навивачите на Шалке решија да го искажат кон противничките фанови, па успеаа да ја прескокнат оградата и потоа да го тепаат секој оној што ќе им дојде пред патот.
За среќа, брзо реагираше полицијата и ситуацијата беше ставена под контрола. На крајот, билансот е неколку повредени редари и повеќе уапсени навивачи на Шалке 04.