7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Големиот бисер на Партизан и македонски репрезентативец направи трансфер во тимот од Нов Белград

Македонскиот фудбалски репрезентативец во селекцијата до 16 години, Александар Полимак, кој се смета за голем талент, направи трансфер. Полимак е дете од школата на Партизан, а српските медиуми пишуваат за негов премин во екипата на ИМТ од Нов Белград.

Уште пред неколку месеци беше најавен овој трансфер, а денеска конечно стигна реализација. Младиот фудбалер е преставен во новиот тим, а ќе го носи дресот со бројот 10.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK IMT (@fk.imt_omladinska_skola)

Клубот од Нов Белград покажува дека има голема доверба во Полимак и планот е полена овој тинејџер да биде вклучен во сениорскиот тим на ИМТ.

Александар важи за лидер на теренот и негова главна цел е да создава шанси, но и да постигнува погодоци. Со доаѓањето во ИМТ неговата кариера треба да продолжи да се развива во нагорна линија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести