Големиот Кајзер Франц доби друштво во Баерн

Нико Ковач издржа на жешкото столче во Баерн, го предводеше тимот до одбрана на титулата и има причини за радост. Хрватот се запиша меѓу легендите на клубот и сега со великанот на светскиот фудбал Франц Бекенбауер се единствените што имаат титули со Баерн и како играчи и како тренери.

Ковач со своите избраници вчера се радуваше на победа против Ајнтрахт од 5:1 што беше сосема доволно за 29-та рекордна титула во Германија за најтрофејниот клуб.

Во сезоната 2002/03 Ковач и се радуваше на титулата во Бундеслигата, како играч на Баерн, а сега во сезоната 2018/19 го крена пехарот како тренер на Баварците.

Бекенбауер, или популарниот Кајзер Франц има четири титули како фудбалер на Баерн во периодот од 60-те и 70-те години, а во сезоната 1993/94 како тренер ја освои титулата, наследувајќи го во текот на сезоната Ерих Рибек.

- Оглас -

Најнови вести