Бисерот на Грузија пак нема да игра против Македонија

Ѓорѓи Чакветаѕе поради повреда нема да игра против Македонија на 12. ноември во историскиот меч и за нас и за Грузија, што на едната репрезентација ќе и донесе историски пласман на Европското првенство идната година.

Играчот на Гент е повреден и ќе ја загуби трката со времето, иако Грузијците се надеваат дека ќе го имаат во составот за најважниот дуел од трилогијата против Македонија.

Чакветаѕе играше само на првиот меч против нас, на „Динамо арена“ во Тбилиси кога ремизиравме 1:1. Еден од најголемите таленти на грузискиот фудбал тогаш вчезе како резерва и одигра половина час против Македонија.

Во Скопје воопшто и не допатува поради повреда, а Македонија и Грузија повторно одиграа нерешено си ист резултат 1:1.

Ист ќе биде и епилогот за Чакветаѕе, тој не е подготвен за настап и речиси сигурно нема да настапи на 12. ноември на меч што е историја и за двете селекции, кои досега во тридецениската самостојност не биле учесници на големо фудбалско натпреварување.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести