Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин соопшти дека на крајот од сезоната ќе замине во пензија. Игуаин настапува во тимот на Интер Мајами во САД и првенството таму финишира со крајот на 2022 година, што значи дека Игуаин има само уште неколку меча пред да ги закачи „копачките на клин“.
Игуаин е роден во француски Брест, но тој е Аргентинец кој зад себе има 75 меча за Гаучосите, а постигнал и 31 гол. Кариерата ја започна во 2004 година, во аргентинскиот гигант Бока јуниорс, а во 2006 замина во Европа, и тоа во дресот на Реал Мадрид. Дури седум сезони помина меѓу Кралевите, а потоа во 2013 година замина во Италија.
Три години играше за Наполи, а потоа направи трансфер во Јувентус, каде што одигра три сезони, а по шест месеци помина како позајмен играч во Милан и во Челзи. Од 2020 година се пресели во САД, во тимот на Интер Мајами, каде што и го најави завршувањето на играчката кариера.
Игуаин, кој во декември ќе наполни 35 години, одигра над 780 меча во кариерата, а постигна 364 погодоци.