25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Голман ги поместувал стативите за голот да биде помал?!

Некои норвешки медиуми го обвинуваат голманот на норвешки Викинг, Патрик Гунарсон. Кога Викинг игра дома, ретко прима повеќе од еден гол, а причина за тоа може да биде и помалиот гол, доколку е вистина дека голманот прави „далавера“.

Според норвешките медиуми, Исланѓанецот Гунарсон знае дека стативите не се убаво вкопани во тревата на стадионот на Викинг и на секој домашен меч ги доближува една кон друга за 15 до 20 сантиметри.

Се појавила и снимка на која Гунарсон чекал помошникот судија да ги провери головите, а потоа пред самиот почеток на средбата, почнал да го смалува голот.

- Оглас -

Најнови вести