Голман го измами живиот ѕид и даде гол од слободен удар против Барселона (Видео)

Уругвајскиот голман Себастијан Виера со гол од слободен удар придонесе за победата на колумбиски Жуниор од 2-1 на гостувањето кај еквадорскиот тим Барселона од Гвајакил, во Копа Либертадорес. Итриот голман ја шутна топката по земја и таа мина под живиот ѕид, па голманот на еквадорска Барса немаше време соодветно да реагира.

Виера е прв голман по легендата Рожерио Сени кој дал гол од слободен удар на меч од Либертадорес, а испиша историја и заедно со Сени се единствени голмани кои имаат давано гол во двете најсилни клупски натпреварувања во Јужна Америка, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.

- Оглас -

Најнови вести