32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Голман реши градско дерби во Купот со еврогол од слободен удар, коментаторот полуде (Видео)

Голманот Богдан Каука стана херој на СР Брашов откако меч од 64-финалето на романскиот куп, со прекрасен гол од слободен удар од 20-тина метри во 86-тата минута му донесе победа на својот тим, и тоа против градскиот ривал ФК Брашов. Цели 85 и пол минути немаше гол на мечот, а тогаш беше досуден слободен удар и на изненадување на многумина, одговорноста ја презеде голманот Каука.

Тој во стилот на Рожерио Сени и Хозе Луис Чилаверт, кои се најпознати голмани кои одлично изведуваа прекини, со прекрасен шут го совлада колегата од ФК Брашов за голема радост на фановите на домашните. Се воодушеви и телевизискиот коментатор кој фанатично прославуваше.

- Оглас -

Најнови вести