Египетското првенство започна вчера, а уште во првиот ден имаше потег кој стана планетарно популарен. Шампионот Пирамидс лесно, со 4:0 славеше во дуелот со Енпи, но и покрај четирите примени голови, чуварот на мрежата на гостите го имаше потегот на мечот.
Во еден напад, гостинскиот голман Махмуд Гад реши да истрча надвор од својот шеснаесетник за да скрати една топка и интервенираше со глава. Сепак, топката отиде директно кај друг играч на противничкиот тим, кој виде дека голот на гостите е празен и реши веднаш да шутира.
Тогаш Махмуд уште еднаш се истакна. Со неверојатна брзина успеа да се врати и повторно да се фрли и да ја одбие топката во корнер.
Yes ‘keeper…
FUCKING HELL. YES ‘KEEPER. pic.twitter.com/1g8sPIoVVH
— MUNDIAL (@MundialMag) September 22, 2019