Голманот Галевски го однесе Алкалоид во финале на Купот

Голманот Иван Галевски е јунакот на Алкалоид, и со одбранет седмерец во последната секунда му донесе победа на својот тим против Вардар 1961 од 25-24 во второто полуфинале на Купот на Македонија.

Во финалето в недела, Алкалоид ќе игра со Еурофарм Пелистер, што значи дека трофејот од Купот ќе има нов сопственик. За Алкалоид тоа е прв финале, а пелистерци Купот го немаат освоено 19 години. Кај жените, во финалето ќе се сретнат Ѓорче Петров и Чаир.

Вардарци имаа шанса да се извлечат од пораз во регуларниот дел од полуфиналето, но Марко Срдановиќ не реализираше пенал. Црвено-црните вечерва утнаа дури четири седмерци и тоа скапо ги чинеше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести