Голманот кој брутално го нокаутираше противникот доби удвојување на суспензијата (Видео)

На мечот од осминафиналето во ФА Купот на Англија меѓу Кристал Палас и Милвол во осминафиналето, се случи брутален фаул. Се играше осмата минута кога голманот на Милвол, Лиам Робертс излезе надвор од шеснаесетникот и потоа многу несмасно реагираше.

Со високо крената нога, Робертс буквално го патосираше напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филипе Мате. Првично главниот судија воопшто не досуди ни фаул за Кристал Палас, а дури по реакција од ВАР собата, беше потврдено дека се работи за брутален фаул.

Голманот Робертс доби директен црвен картон, а повредениот Жан-Филипе додека беше изнесуван на носилки, можеше да се забележи и крв.

Критики имаше и за навивачите на Милвол кои важат за едни од најжестоките. Додека повредениот играч беспомошно лежеше, фановите на Милвол скандираа „оставете го да умре“.

По завршување на мечот, Дисциплинската комисија го казни голманот Роберт со три меча суспензија, а сега таа одлука е поништена и суспензијата е зголемена на шест средби неиграње.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести