Голманот на Ајакс ги поздравуваше празните трибини (Видео)

Публиката дефинитивно недостасува на голем дел од стадионите во фудбалска Европа. Ајакс денеска убедливо со 5:1 го победи Херенвен, а во центарот на вниманието беше голманот на домаќините Андре Онана.

Камерунскиот интернационалец пред почетокот на мечот, истрча н теренот и со високо кренати раце аплаудираше кон празните трибини. Со овој потег, Онана покажа колку многу му недостасуваат навивачите на трибините кои секогаш го бодреле некогашниот четирикратен европски првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести