Голманот на Англија не дозволи да се сними една од најтажните сцени на СП во Катар (Фото)

Репрезентацијата на Англија загуби во последното четврфинале на СП од Франција со 2:1, а вистински трагичар е капитенот на Гордиот Албион, Хари Кејн, кој во 84-та минута промаши пенал за израмнување.

По последниот свиреж на судијата, сите англиски фудбалер падна на теренот на „Ал Бајт“ стадионот, а најтешко му беше токму на капитенот Кејн.

Веднаш по завршување на натпреварот, на теренот влегоа и камерманите кои освен славјето на Французите, сакаа да ги снимат и солзите на Кејн, но во тие моменти пред камерите застана голманот Џордан Пикфорд и не дозволи да се сними една од најтажните сцени на Светското првенство.

Англија во Катар направи еден чекор помалку во однос на претходниот Мундијал што се одржа во Русија каде стигна до полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести