Капитенот на бугарската фудбалска репрезентација Николај Михајлов беше искрен по мечот со Македонија што заврши нерешено 1:1 и вели дека гостите имаат неколку одлични фудбалери.
„Иако ни е тешко да признаеме Македонија има три-четири играчи од светска класа. Ни задаваа многу проблеми токму тие фудбалери што играат во силните европски лиги, во Серија А, Ла Лига… Ние немаме такви, но полека се движиме напред. Очекувањата на јавноста е едно, реалноста е друго и треба да бидеме трпеливи“, изјави Михајлов.
Тој имаше две одлични интервенции, кога ги спречи Барди и Алиоски да погодат за Македонија и веројатно е и најзаслужен за бодот што го освои Бугарија во балканското дерби во Лигата на Нации.