Голманот на Мајнц даруваше, Баер Леверкузен победи и сега има +11 од Баерн Минхен (Видео)

Фудбалерите на Баер Леверкузен и 23-ти натпревар по ред не знаат што е тоа пораз во Бундес лигата. Избраниците на Чаби Алонсо вечерва со многу среќа го совладаа аутсајдерот Мајнц со 2-1.

Домашните дојдоа во водство уште во третата минута преку Џака, а Мајнц израмни во осмата минута преку Кор. За победничкиот гол на Баер се чекаше се до 68-мата минута кога Андрих биеше од далечина, а голманот на Мајнц ја испушти топката и таа заврши во неговата мрежа.

„Фармацефтите“ сега имаат +11 од второпласираниот Баерн, кој утре во дербито на колото игра на домашен терен против Лајпциг и Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести