Њукасл е на добар пат да се пласира во финалето на Лига купот во Англија откако синоќа со 1:0 на гости го победи Саутхемптон во првиот меч. Реваншот се игра на теренот на Њукасл, па се очекува да ја сочува оваа предност и да обезбеди место во мечот кој ќе носи борба за трофеј.
Еден од најзаслужните за победата на Њукасл е голманот Ник Поуп. Англискиот репрезентативен чувар на мрежата синоќа ја сочува својата мрежа, со што само продолжи една неверојатна низа. За Поуп ова беше 10-ти меч во низа на кој нема примено гол во дресот на Њукасл.
Последен пат Поуп во Англија беше совладан на 6 ноември минатата година, во победата од 4:1 против Саутхемптон во првенството. Од тој момент досега, Њукасл со Поул на голот одигра 10 меча и на сите 10 остана со „празна мрежа“. Њукасл прими два гола од Шефилд вензди во ФА купот и беше елиминиран, но тогаш Поуп не бранеше.
„Мислам дека во моментов нема подобар голман во светот од Поуп“, рече фудбалерот на Њукасл, Бруно Гимараеш за својот соиграч. Поуп во Њукасл дојде минатата зима од тимот на Барнли, и тоа само за 10 милиони фунти. Њукасл сезонава има 16 меча на коишто не прими гол и тоа е најдобар биланс во Топ 5 лигите во Европа.
16 – Newcastle United have kept more clean sheets in all competitions this season than any other side in Europe’s big five leagues. Unit. pic.twitter.com/zhKtV8qlDM
— OptaJoe (@OptaJoe) January 24, 2023