Тибо Куртоа треба да мирува најмалку 10 дена откако беше констатирано дека има воспаление на долниот дел од грбот. Тоа значи дека првата опцијата за голот на белгиската репрезентација и дефинитивно нема да настапи за Белгија во првите два меча од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.
Во отсуство на Куртоа, селекторот на Белгија повика ново име – Нордин Јакерс од Клуб Бриж, кој сè уште нема официјален настап за Црвените ѓаволи.
За дуелите против Македонија и Велс, на голот на Белгија се очекува да биде Матс Селс од Нотингам форест. Селс бранеше на 37 од можните 38 дуели за Шумарите во англиската Премиер лига.