Голот на Елмас може да влезе во рангот на легендарните погодоци на Меси и Марадона (Видео)

Уште долго време ќе се зборува за погодокот што го постигна Елиф Елмас вечерва на дуелот против Парма. Македонскиот репрезентативец прими една топка на 40-тина метри од противничкиот гол и тргна во соло продор.

Иако околу него имаше неколку противнички играчи, Елмас успеа сите да ги надмудри. Помина неколку играчи, ја сочува топката во свој посед и кога влезе во шеснаесетникот, го матираше голманот на Парма за водство на Наполи од 1:0, најавувајќи ја победата од 2:0. Елмас играше до 77-мата минута, а потоа беше заменет, но дефинитивно беше еден од најдобрите на теренот.

 

Погодокот што го даде на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и соло акцијата што ја направи потсетија на легендарните погодоци на Марадона од Светското првенство 1986 година против Англија, како и на тоа што го направи Меси против Леванте.

 

- Оглас -

Најнови вести