Наградата Пушкаш за гол на годината треба да го добие целиот тим на Севилја ! (Видео)

Севилја без многу проблеми со 3:0 ја победи Валенсија и се пласира во четвртфиналето од Купот на Шпанија. Домаќините уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот, кога ги дадоа сите три погодоци. Лук де Јонг погодуваше во 20-тата и 33-тата минута, а потоа следуваше погодокот на Ракитиќ.

Вториот погодок што го даде Де Јонг е за восхит затоа што Севилја направи неверојатна акција. Сите 11-мина играчи на домаќините ја допреа топката, во акцијата која имаше неверојатни 37 додавања, а на крајот заврши во мрежата на Валенсија.

Многумина коментираат дека овој погодок кој е плод на тимската работа, треба да ја добие наградата Пушкаш, која се доделува за најатрактивен погодок во светот во текот на една година.

- Оглас -

Најнови вести