Голот на Грилиш не е премногу важен за Англија, но потсети на традицијата и најави втора светска круна за Албионот (Фото)

Последниот гол на Џек Грилиш за победа од 6:2 на Англија против Иран не беше многу важен за конечниот исход, но ги радува поранешните светски прваци поради традицијата.

Во акцијата за шестиот погодок што го даде играчот на Манчестер сити имаше дури 35 прецизни и непрекинати додавања, што е израмнување на рекордот на Мундијалите поставен во 1966 година.

Токму тогаш и единствен пат на Светските првенства Англија стана светски првак со победа од 4:2 против Западна Германија по продолженија.

Во второто коло од фазата по групи еден од фаворитите за пехарот на Мундијалот ќе игра против селекцијата на САД на 25 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести